Денеска, со мечевите од првата рунда започнуваат возбудувањата во групната фаза од новото издание на најелитното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони.

32 екипи од најдобрите првенства на стариот континент поделени во осум групи ќе се борат за првите две места на табелата кои водат во нокаут фазата. Секоја сезона ЛШ пружи фантастични и незаборавни натпревари а исто се очекува и оваа која треба да биде една од најдобрите.

Новитетите вметнати минатата сезона остануваав на сила и годинава. Видео технологијата судиите ќе можат да ја користат уште од групната фаза. Термините исто така остануваат исти. Дел од натпреварите ќе се играат во 18:55 часот а дел во 21 часот.

Бранителот на трофејот е англиски Ливерпул а конкуренти за титулата се Манчестер Сити, Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен и ПСЖ.

Двојки:

Група Е: Наполи – Ливерпул (21ч), Салзбург – Генк (21ч)

Група Ф: Интер – Славија Прага (18:55ч), Борусија Дортмунд – Барселона (21ч)

Група Г: Лион – Зенит (18:55ч), Бенфика – РБ Лајпциг (21ч)

Група Х: Ајакс – Лил (21ч), Челси – Валенсија (21ч)

 OhridNews