Секој граѓанин со собрани 20 фискални сметки од кој било износ може да учествува во наградна игра и да добие некоја од вредните награди што ќе ги доделува македонската влада.

Главна награда е стан и дуќан, а на секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори и други вредни награди. Новата награда игра,има за цел да ја подигање на јавната свест кај граѓаните и да се зајакне фискализацијата, образложи на владата. 

Приредувач на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии, информира Ставрески

Првото извлекување е закажано за 30 декември, а предвидено е да се одржат вкупно девет кола

Владата изрази очекување дека играта ќе ги мотивираат и заинтересира граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат.

Покрај ова со законските измени се предвидува објавување листа на должници, на доспеани и неплатени долгови по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, како и акцизи и царини.

Предвидено е 15 дена пред објавување на листата секој од должниците кој не платил подолго од 90 дена да добие опомена од УЈП и можност доколку плати да не биде објавен на листата.

OhridNews