
Третиот столб на пензискиот систем дава можност за обезбедување пензиски надоместок за лица кои не се опфатени со задолжителното пензиско осигурување. Со него ќе се создадат и предуслови за организирање и финансирање професионални пензиски шеми од страна на работодавачи и здруженија на граѓани.
Се очекува третиот столб да заживее во втората половина на следната година, а најголем интерес за зачленување да предизвика кај поединци и фирми од ИТ-секторот и кај финансиските работници кои остваруваат најголеми приходи.
Досега платите од пензиските осигуреници во Македонија се депонираа во двостолбен систем, државниот и еден од двата приватни фонда.
Ohridnews












