Со слатки подароци за 195 патници, ТАВ Македонија денеска го прослави заминување на првиот лет на Виз ер од Меѓународниот Аеродром Скопје до Баден–Баден, Аеродромот Карлсруе во Германија, одбележувајќи го отворањето на двете нови редовни авиолинии до Баден–Баден и Бремен, како и поставувањето на петтиот воздухоплов на авиокомпанијата во нивната база на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Првиот лет до Баден – Баден, со Ербас A 321 со вкупен капацитет на седишта за 235 патници, полета од Меѓународниот Аеродром Скопје во 11:55 часот и ќе пристигне назад во Скопје во 17:05 часот. Рутата до овој германски град, познат како спа-центар во југозападниот дел  од државата близу до границата со Франција, ќе биде опслужувана два пати неделно, секој вторник и сабота.

Утре, 20-ти март, во 11:50 часот, на скопскиот аеродром ќе пристигне првиот лет од Бремен, еден од најпопуларните германски градови во северниот дел од државата, познат како голем економски и културно-историски центар. Авион од типот Ербас А320 на Виз ер со 189 седишта, ќе лета на оваа рута два пати неделно, во среда и недела, полетувајќи од Скопје во 6:05 часот и заминувајќи за Бремен во 11:50 часот.

Денес, на охридскиот аеродром стартуваше и новата директна авиолинија Охрид-Милано, рута која ќе биде опслужувана два пати во неделата.

OhridNews