Нови 100 милиони евра кредит со каматна стапка од 5,5 проценти кои ќе бидат наменети за малите и средни претпријатија, планира да обезбеди Владата за поддршка на стопанството, соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Како што напомена ресорниот министер, средствата ќе бидат обезбедени од Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Засега 50 милиони евра од 100-те милиони што се на располагање се искористени од страна на малите и средните претпријатија, а идната недела уште 12 милиони евра ќе бидат искористени од 50-ина фирми.“ – истакна Ставрески.

Инаку, Европската инвестициска банка (ЕИБ) е веќе известена за кредитот, а според најавите на Страврески добри се шансите заемот да биде одобрен.
 

 OhridNews