Претседателот на Регионалното здужение на граѓани – загубари, технолошки вишок и стечајни работници Иван Николоски, заедно со членови на Здружението, денеска ќе оствари средба со сите кандидати за градоначалници на Охрид.

“Целта ни е на кандидатите, уште еднаш да им ја предочиме нашата тешка материјална состојба. Ние сме дел од ова општество и од овој град. Ние немаме резервна татковина, ниту пак бараме нешто надвор од уставот. Неправедната и криминална транзиција, без наша вина, ни ја прокоцка судбината. Од друга страна сите кандидати нудат социјални пакети. Да видиме во кој пакет не планираат нас”, изјави претседателот на Здружението Иван Николоски.

Ohridnews