Стопирањето на градбата на автопатите од страна на владата на СДС отвора сериозен сомнеж дека се спрема и подготвува криминал, изјави на денешната прес конференција Претседателката на Унија на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, Снежана Стефаноска.

– Дел се работи за неспособност за менаџирање со проектите, но поглавната причина е сомнежот дека на голема врата се подготвува криминал на деценијата. Имено штом првата одлука на министерот за транспорт е стопирање на градба за која се обезбедени пари, многу јасно е дека борбата е некои други фирми, блиски до СДС надвор од законите да го добијат вносниот милионски бизнис. Токму затоа, министерот Сугаревски и владата се служат целосни лаги, но и лагата им се распрснува како меур од сапауница. Тие посочија дека било направени грешка во проектирање, а проектот е изработен и поради недостиг на капацитети и способност оставен како нереализиран за време на мандатот на владата на СДС 2002 до 2006та година. На крај пред да отпочне градбата и откако владата на вмро дпмне обезбеди средства ревизијата го одобри изработениот проект, рече Стефаноска.

Таа додаде дека е јасно дека СДС е фатена во офсаајд и зад прекинот се крие неспособноста на сдс да се носи со конкретниот проект и нивната одлучност да прават криминал од понатамошна нивна реализација.

– Како е возможно изградбата да тече без прекин неколку години, а сега откако СДС е на власт уште во првиот месец да застане. Тоа е индикатор дека се спрема голем криминал кој ќе заврши во џебовите на газдите на сдс. Сакаме да порачаме, дека кога ќе дојде вмро дпмне на власт ќе продолжи со градбата со автопати и ќе го догради автопатот кој сега сдс го блокираше, рече претседателката на Унија на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, Снежана Стефаноска.