
За претседателското место во ОК ВМРО ДПМНЕ конкурираа 27 истакнати членови на партијата, а во потесен избор влегоја четворица. „Ова за мене е голема чест, но и обврска“, изјави новоизбраниот претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ, Борче Стефановски.
Борче Стефановски е дипломиран машински инженер и актуелен директор на аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид. Во ВМРО ДПМНЕ е од основањето на партијата во 1990 година. Оттогаш во континуитет е во партиските тела на локално ниво, а учествувал во работат на изборните штабови на сите избори.

ОК ВМРО ДПМНЕ најавува победа на локалните избори во Охрид
„Партијата ќе ја водам на најдобар можен начин со поддршка на другите членови, претседателството и месните комитети со цел да оствариме победа на претсојните локални и претседателски избори“ рече Стефановски. Тој информираше дека постапката за избор на кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Охрид е во тек и дека набрзо ќе се знае името на личноста со која владејачката партија ќе ја трча изборната трка на претстојните локаклни избори.












