Митко Стоилов или Бранислав Ангеловски ќе го заменат Филип Лазаров, кој поради повреда ќе го пропушти Европското првенство во Данска.

– Филип Лазаров во еден дуел ја повреди раката така што тешко дека ќе може да настапи на ЕП во Данска. Размислувам на негово место да го повикам Бранислав Ангеловски или Митко Стоилов, но бидејќи Стоилов е пред сѐ дефанзивен играч, поголеми шанси има Бранислав. Но за тоа ќе решам откако ќе се вратиме во Скопје, в понеделник – рече селекторот, Ивица Обрван.

Во 19 часот селекцијата ќе го има првиот контролен натпревар, а Обрван кратко прокоментира – Против Словенија ќе играме на победа, бидејќи таа секогаш е во прв план, но не и приоритет по секоја цена.

Со доаѓањето на „интернационалците“ Кирил Лазаров и Борко Ристовски се комплетираше македонската селекција.

Мх.П.