Започна последното одбројување на охридскиот Амак СП во пресрет на европското деби во Евро Челинџ купот.

Охриѓани се подготвени за предизвикот наречен Пивоварна Лашко. За поголемиот дел од охридските кошаркари ова ќе биде прво интернационално искуство.

Пред неполн месец дена со еден ваков сличен предизвик беше соочен Војдан Стојаноски кој беше дел од македонската кошаркаска репрезентација која избори пласман на ЕП во Полска.

– Се наоѓаме пред огромен предизвик. Подготвени сме, во екипата одлично се вклопија Агоч и Чубрило. Имавме една полесна контрола на стартот против Торус, на која можевме да пробаме некои од варијантите – вели охридскиот снајпер Стојаноски и порачува борбеноста ќе биде наше најголемо оружје. Одиме на победа, играме пред домашна публика, а тука сме несовладливи.

Натпреварот од Фиба Евро Челенџ купот се игра во вторник во 20.30 минути во СРЦ Билјанини Извори.

М.П.