Третиот бран од панедемијата предизвикана од коронавирусот Ковид 19 се посилно ги притиска здравствениот систем и економијата која продолжува да трпи огромни штети. Но, ниту во една ваква неповолна ситуација парламентарните партии не можат да се договорат околу изгласувањето на петтиот сет мерки што државата гo најави уште пред нова година.
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска обвини дека опозицијата ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците, во услови на Ковид-19, и оти пред него се поставуваат ултимативни предлози што не може да ги прифати.
Џафери на прес-конференцијата, што ја свика по прекинување н средбата со координаторите на пратеничките групи, рече дека двајца пратеници од мнозинството од здравствени причини се спречени да учествуваат на утрешната 36. седница, поради што го поставил прашањето за кворумот.
Координаторот на пратенучката група на ВМРО ДПМНЕ, според него, побарал на седницата да се разгледуваат само продолжување на кризната состојба и трите точки поврзани со мерките за Ковид-19, а не и другите 26. Џафери не го прифатил тој предлог и ќе почека до четврток, кога очекува еден од пратениците да излезе од изолација поради Ковид-19.

Кооридинаторот Никола Мицевски на прес-конференција рече дека предложиле на посебна седница да бидат одделени и ставени: Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата; Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, февруари и март 2021 година; Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата од КОВИД-19 заради исплата на платите за февруари и март 2021 година и Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на личен доход.

Според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, власта и пратениците на СДСМ го користат овој пакет закони бидејќи знаат дека немаат кворум што е, рече, нивна обврска.
Г.М.












