Јубилејната стота седница на Сенатото на Универзитетот Св. Климент Охридски“ се одржа вчера во хотелот „Метропол во Охрид. Седницата беше од свечен карактер, а по повод јубилејот студентите и одговорниот наставен кадар од Факултетот за туризам и угостителство приготви пригоден коктел, со што оваа реномирана високообразовна институција уште еднаш го докажа препознатливиот квалитет и потврди дека нејзините наставни програми се ускладени со потребите на стопанството.

Инаку, во Факултетот за туризам и угостителство во тек е тренинг за одржлив туризам, заеднички проект кој факултетот го организира со Германскиот универзитет за одржлив развој Еберсвалде.


Сенатото на Универзитетото „Св. Климент Охридски“ во Охрид ја одржа 100-та седница

OhridNews
фото:Емилио