Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 61 прекршоци за неносење лична заштита на лицето: Охрид-15, Струга-6, Кичево-27, Дебар-13.

Во овој период, регистрираи се 5 прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19, Охрид-1, Струга-4.

Во акција, пак, на сообраќајната полиција, спроведена вчера, санкционирани се 49 пешаци поради небезбедно преминување на улица надвор од обележан пешачки премин: Охрид-9, Струга-10, Кичево-9, Дебар-21, информира СВР Охрид.

OhridNews