Околу сто куќи се поплавени во Прилепска населба во Кичево, информира владата. На местото на настанот денеска беа екипи на Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа Кичево и Црвениот крст Ркои работат на згрижување на граѓаните чии домови настрадаа во поплавите предизвикани од поројните врнежи.

Педесеттина семејства се сместени во спортската сала Ивандол каде што ќе им се обезбеди се што им потребно. До сега се доделени 75 пакети храна, 75 хигиенски пакети, 100 душеци, 500 ќебиња и 100 пара обувки. МТСП, ЦСР Кичево и Црвениот крст ќе ја следат состојбата и ќе ја даваат потребната помош и поддршка на граѓаните, соопшти Владата.

OhridNews