Ако актерот живее во излог тешко нему, ако не расчистил со своето его, ако не расчистил со себе, она што се претставува како „јас“. Тоа е можеби фино да се испегла на сцена и преку долги процеси годишно. Не вреди во нашата уметност актерска да постои „јас“. Може да постои уметничко „јас“, но приватно „јас“ – не. Тука е проблемот. Ако егото ви се надуе како гулаб – пропаднавте, вели во емисијата „Напладне“, актерот и директор на НУЦК „Григор Прличев“, Горан Стојаноски.

Каде и да појдам луѓето ме дочекуваат со насмевки. И тоа ми е една возвратна енергија на она сè што сум го правел низ годините. Луѓето се среќни. И си велам: „Јас можам сум направил нешто за луѓето да се чувствуваат среќно“. Да. Па за мене поголемо богатство нема, вели Стојаноски.
OhridNews












