Во последниот натпревар од 15-та рунда во Премиер лигата, Њукасл славеше со убедливи 3-0 над Виган.


“Страчките“ прашањето на победникот го решија во првите 20 минути кога веќе имаа предност од 2-0 со головите на Демба Ба. Конечната победа ја запечати Бигирмана.

Покрај победата Њукасл останува на скромната 14-та позиција во најсилната англиска лига додека “латикси“ се едно место подолу.

Мх.П.