Висината на субвенцијата ќе биде различна, а ќе зависи од земјата од која доаѓаат туристите. Исто така ќе биде субвенциониран aвионскиoт-чартер превоз и закупот на седишта во директните авионски линии, од странство до земјава. Основен предуслов, за аплицирање за Програмата на субвенции, е групата на туристи да не биде помала од 10 лица, за кои агенцијата мора да има уплатено, минимум по 3 ноќевања, со појадок, во категоризиран сместувачки објект во Македонија.
Субвенциите во автобускиот сообраќај се движат од 10 до 25 евра, за авиоснкиот од 15 до 45 евра, односно до 15 евра во железничкиот и комбинираниот превоз. Информациите за начинот и потребните документи за аплицирање, Туристичките агенции ќе може да ги побараат во подрачните единици на Министертвото за Економија
Оваа програма за субвенционирање е направна по примерот на Хрватската програма за субвенционирање, која успешно се реализира веќе неколку години.