По немилите настани и инциденти кои се случија за време и по Велигденските празници, но и поради неодамнешните протести кои се одржаа во неколку македонски градови, голем дел од туристичките работници од странство се распрашувале кај нивните колеги во Охрид, дали состојбата е стабилна и дали да продожат да ја нудат Македонија на пазарот.
Се распрашуваат информативно дали е безбедно и стабилно, зошто на тамошните медиуми добиле информации за сето она што беше актуелно  овде. Ние се обидуваме да им објасниме дека  состојба е политички изманипулирана и дека веќе се надминати сите проблеми и дека нема потреба да се плашат за безбедноста на туристите. Но и во иднина тука најголема улога ќе одиграат и странските медиуми односно нивниот начин на известување за Македонија, велат туристичките работници од Охрид.
Тие се надеваат дека туризмот годинава нема да биде жртва на политиката и дека нема да претрпи штети, а сите  позитивни најави и очекувања за претстојната туристичка сезона ќе се остварат.
OhridNews