Пазарната инспекција во Охрид е без работа по воведување на Законот за заштита од пушењето. Инспекторите кои ги сретнавме во една од охридските кафеани велат дека до сега законот го почитуваат сите. Угостителите имаат истакнато знаци за забрането пушење, а пушачите својата страст ја задоволуваат надвор од угостителските објекти. Во тоа се уверивме и сами. Во неколкуте локали кои ги посетивме пушачите од време на време излегуваа да запалат цигара пред објектот, па повторно се враќаа да си го допијат пијалакот. Велат дека законот е дискриминирачки, но го почитуваат.
Цигара пред кафетерија – Законот за заштита од пушењето во Охрид се почитува
Охридските угостители најавија дека деновиве и официјално ќе обзнанат дали ќе се приклучат на 24 часовниот штрајк против Законот за пушење, за кој се жалат дека им го намалил прометот. Дел од охридските угостители со кои разговаравме најавија дека ќе ги затворат своите објекти во знак на протест заедно со колегите од сите градови, но сметаат дека протестот ќе има ефект само доколку тоа го направат сите угостители.
Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за 4,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторнате комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управ...
Театарската претстава „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле на репертоарот на Народен театар Охрид во сабота, 03102026 година, со почеток во 2000 часот Актерската екипа на претставата ја сочинува Ст...
Образовен настан посветен на европските вредности, можностите што ги нуди програмата Еразмус+ и размена на добри образовни практики со кои се отвораат нови перспективи за локалното основно училиште...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.