Оваа година во рамките од традиционалниот ракометен турнир со меѓународен карактер во Струга ќе се одигра ракометниот Супер куп кој означува почеток на новата сезона во македонскиот ракомет.

На теренот „Женска плажа“ на 18 август со почеток во 21 часот силите ќе ги одмерат скопските ривали Вардар и Металург. „Црвено црните“ ја освоија двојната круна, а „металурзите“ завршија на втората позиција во плејофот од Супер лигата и играа во финалето во Купот на Македонија.

Супер купот на Македонија премиерно издание имаше минатата година и победа извојува Вардар совладувајќи го Еурофарм Работник во финалето.

OhridNews