Во сеќавање на Светлана Христова Јоциќ, маркантната македонска  поетеса и уметник, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“  од  Струга, организира културна програма, чиј примарен носител е Националната културна установа, а во координација со Здружението за култура и наука „Бран” од Струга.
Настанот се организира од страна на културната установа, со која Светлана Христова Јоциќ низ годините, имаше значајна соработка, во повеќебројните културни настани од разнообразните уметнички и културни профили и области.
Настанот е од важност и за градот Струга, каде што, Светлана Христова Јоциќ значаен дел од својот  уметнички и културен ангажман  го остваруваше во соработка  со бројните уметнички, културни чинители и личности.
Манифестацијата ќе се одржи во Центарот за култура во Струга, во петок, 17 август 2012 година, со  почеток во 12 часот. За Светлана Христова Јоциќ, ќе говорат писателот Христо Петревски  и Проф. д-р Љубинка Басотова. Актери ќе читаат поезија од Светлана Христова Јоциќ, а ќе настапат и ученици од Средното државно музичко училиште „Тодор Скаловски” од Струга.  
OhridNews