
Според инфрмациите кои ги соопшти Царинската управа, во текот на 2011 година, во царинската испостава во Струга, за потребите на правното лице оцаринет е еден употребуван автобус увезен од Холандија, за кој при увозното царинење е поднесена фактура на износ од 25.000 евра.
Заради сомневање во веродостојноста на приложената фактура, Царинската управа се обратила до Царинската администрација на Холандија со барање за дополнителна проверка на фактурата, од каде бил добиен одговор, според кој автобусот бил преземен од државјанин на Косово, но вистинската вредност била 31.900 евра, за што била доставена и оригиналната фактура.
Во соработка со царинската администрација на Косово биле потврдени наводите во одговорот од Холандија, по што се утврдила царинската давачка според реалната вредност на автобусот, по што увозникот бил задолжен со решение да го доплати царинскиот долг во вкупен износ од 126.458 денари.
OhridNews











