– Просториите се наоѓаат во барака која воопшто не е заштитена од кражби. Немаме ниту видео надзор, ниту пак чуварска служба, вели Анита Гагоска од ” Порака Нова”.
Крадците успеале да однесат три лап- топ компјутери и четири дигитални апарати. Центарот и претходно бил цел на крадците, кога биле украдени инвалидски колички.
Од струшката Локална самоуправа велат дека засега нема средства за обезбедување на објектот.
– Од општинскиот буџет се издвојува одредена сума на пари која се користи за покривање на тековните трошоци на центарот, но тие средства се ограничени и засега не сме во можност дополнително да издвоиме пари и за физичко обзебедување на центарот, вели Зоран Гулицоски од струшката локална самоуправа.
Рекреативниот центар Порака Нова во Струга работи веќе една година и згрижува пеесеттина лица на возраст од 6 до 50 години.