Училиштата во Струга кои останаа без струја поради неплатени сметки, од денеска повторно ќе бидат приклучени на електро мрежата. Ова следува откако општината и ЕВН постигнаа договор за сервисирање на последниот долг на училиштата за електрична енергија од околу 35.000 евра. Останува двете страни да постаигнат договор за сервисирање и на стариот долг на учишта кој е неколкукратно повисок.

Струја од денеска повторно има и во ОУ „Браќа Миладиновци“. Советот на родители го поздрави потегот изразувајќи надеж дека проблемите нема да се повторат и учениците ќе имаат нормални услови за работа во изднина.

-Струјата денеска е приклучена и мислам дека во иднина истото нема да се повтори бидејќи проблемите веќе се надминати. Издражавме без класичен бојкот, но вршевме притисоци врз надлежните институции, имавме барање поднесено до Републичкиот инспекторат за образование, исто така општината беше писмено информирана, и на крај таа работа конечно се заврши и струјата е пуштена. – ијави Димче Шипинкароски, потпретседател на Совет на родители во О.У. „Браќа Миладиновци во Струга.

Се очекува електроснабдувањето етапно да се нормализира во сите училишта во општината.

OhridNews