Добрата тренерска работа на Александар Танчески во водечката екипа на табелата во Втората лига, Струга Трим Лум вроди со плод, откако стружанецот беше приклучен во стручниот штаб на селекторот  на младинска фудбалска репрезенција, Добринко Илиевски – Пижон.

Младиот и амбициозниот фудбалски стручњак ја доби улогата на асистент, а деби во У21 селекцијата ќе има против Русија на 12 октомври на гостински терен односно против Гибралтар 16 октомври на домашен терен.

Танчески ја „троши“ втората сезона во струшкиот второлигаш и сигурно искуството акумулирано низ мечевите во Втората лига ќе му помогне и на селекторот Илиевски. Повикот и добивањето на довербата е награда за Струга Трим Лум кој сезонава има нескриени високи амбиции за пласман во фудбалска елита.

OhridNews