Вчера утрото околу 09,40 часот во Струга, во приземјето на зграда на ул.„Туристичка“, во безсознание со видливи повреди во пределот на главата и телото е пронајден 41-годишен жител на Струга. Истиот на кратко дошол при свест и изјавил дека бил нападнат од страна на три непознати лица, соопшти полицијата.

Повредениот е пренесен во Медицински центар Струга, од каде поради сериозноста на повредите е пренесен во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

OhridNews