Поднесена е кривична пријава против 60-годишен стружанка, за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“.

По примена пријава од граѓани и преземени мерки, утврдено било дека пријавената на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, на парцела сопственост на држават, изведува помошен објект до објект за домување кој се состои од ѕидови од бетонски блокови, дрвена кровна конструкција покриена со ламарија, без да поседува решение за изведување на градбата.