Од страна на СВР-Охрид до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против 49-годишна стружанка, шеф на Отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против 59-годишна охриѓанка, помошник директор за економски работи во ЈЗУ „Општа болница“ за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од СВР Охрид, пријавените во периодот од 2013 до 2016 година додека биле на раководни места договарале јавни набавки на услуги за сервисирање и одржување на медицинска опрема само со една фирма од Скопје, при што го надминале предвидениот лимит од 1.000.000 денари за дополнителни 1.262.342 денари. Првопријавената и покрај тоа што ставката на проценетата вредност на јавна набавка  била од 13.000.000 денари, за која била донесена и одлука, изготвила Одлука со невистинити податоци на износ од 16.000.000 денари со што го надминала предвидениот лимит за 2.202.136 денари.

Со наведените дејствија двете пријавени на ЈЗУ „Општа болница“-Охрид  предизвикале вкупна материјална штета од 3.464.478 денари.

OhridNews