Поради продор на студен воздух денеска ќе дува засилен северен ветер. Минималната темпаратура во Охрид ќе се спушти до нулата, а максималната ќе се искачи само до 6 степени.

Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Од недела времето повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под минус 5 степени.

OhridNews