Синоќа во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 20-годишен жител на село Узем, кривопаланечко.

Тој ретходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По налог на јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека возачот го управувал четирициклот без возачка дозвола и лишен е од слобода.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews

Фото: Илустрација/Magnific