Седми ден студенскиот дом „Никола Карев“ во Охрид е без електрична енергија поради неплатени сметки и долгови. На ваквата состојба реагира и директорот на установата м-р Жарко Куциноски кој вели студентите се оставаат во нехумани услови, воедно посочувајќи дека поради ваквата состојба откажани се и сите резервации за тековното лето.
Со ваквиот начин на финсисрање на студенските домови тие можат само да тонат во долгови. Се додека не се донесе законот за студентски стандард и нема измени во финасирањето на дејноста на студентските домови, ти ќе бидат во тотален колапс. Од Министерството за образование земаме само партиципација по глава на студент и со 613 800 денари да дадеш плата, да ги исплатиш режиските трошоци, да ги подмириш економските оператори не се постигнува. Толку ни е приливот, вели Куциноски.
Во меѓувреме директорот Куциноски си поднесел неотповиклива оставка од лични причини пред два месеци, а во тек е конкурсот за избор на нов директор.
Од лични причини ја поднесов оставката, вели Куциноски.
Посочува дека до Министерството е реагирано неколку пати, но оттаму досега нема никаков одговор.
Студентите од студентскиот дом „Никола Карев“ и во февруари годинава се соочија со истиот проблем, кога останаа без електрична енергија, греење, топла вода, поради неплатени сметки.
Н.С.Ј.











