Студентите во текот на изминатата ноќ ја продолжија таканаречената окупација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во знак на револт од владините реформи во високото образование и измените со кои овој Закон се става во едногодишно мирување. Законот за одложување вчера беше донесен во парламентот.

Студентскиот пленум бара да се потпише спогодба меѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование и наука која ќе опфаќа: загарантирано учество на Студентскиот пленум во изработката на целиот закон со цел тој да ги рефлектира студентските ставови и перспективи.

Студентите велат дека окупацијата нема да престане се дури надлежните не ги исполнат нивните барања. Најавено е денеска окупацијата да се прошири и на Техничките факултети, а проширување на активностите најавија и битолските студенти.

OhridNews

Извор:Радио Слободна Европа

Фото: Студентски пленум