Дел од студентите ноќеска останаа во просториите на некои од факултетите на Универзитетот Свети Кирил и Методија, продолжувајќи со акцијата која ја нарекуваат ’окупација на УКИМ’, со цел да издејствуваат повлекување на Законот за високо образование, а не само негово одложување, пренесува „Макфакс“.

Инаку пратениците вчера во Собранието изгласаа овој Закон да биде ставен во едногодишно мирување.

Денеска во кампусот технички факултети во Скопје, студентите ќе изразат солидарност со колегите на Филозофскиот и Филолошкиот факултет, притоа прогласувајќи Автономна Зона на техничките факултети.

OhridNews
извор:„Макфакс“