Изработени 100 новогодишни пакетчиња по повод Нова Година за децата од Здружението „Во мојот свет“ од Охрид од страна на студентите од Факултетското Студентско Собрание (ФСС) при ФТУ-Охрид. Ова е прв проект кој го реализираа за оваа академска година, а воедно и прва хуманитарна акција која глас „Со љубов, ФСС“.
Се одлучивме да стоплиме 100 детски срца, но воедно и да дадеме пример дека и дечињата со пречки во развојот имаат потреба од љубов и внимание. Од името на Факултетското студентско собрание и од името на сите студенти од Факултетот за туризам и угостителство им посакавме среќни Новогодишни и Божиќни празници, изјави претседателот на ФСС при ФТУ, Игор Пешевски.
На изработката на пакетчињата работел тимот под водство на претседателот на ФСС, Пешевски, иницијативноста и креативноста на студентките од смерот Менаџмент во услужен сектор, Фани Милошева и Марија Крстаноска кои биле клуч за да се изработат новогодишните украси и пакетчиња, Но, тие не би биле целосни ако не помогнеле и вештите раце на студентката од смерот гастрономија, Евгенија Башеска, која ги изработила новогодишните колачи, Фросина Петревска, Илина Бабеска, Мирко Богданоски, М-р Елена Ќосеска и Маја Богеска, а со поддршка од професорите д-р Ангела Паскуале и д-р Зоран Тунтев за реализација на проект.
Се надеваме дека и во иднина ќе имаме уште многу вакви проекти, бидејќи човечки е да си подадеме рака. Среќни Новогодишни празници!, велат од ФСС.
OhridNews

















