Македонската медицинска студентска асоцијација-ММСА, невладино, непрофитно, студентско здружение кое ги обединува сите студенти по медицина во Република С.Македонија, во кое од годинава членуваат и студенти од други научни насоки на Медицинскиот факултет-Скопје, изработи видео со пораки за почитување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

  • Нашата цел е како идни лекари да пратиме јасна порака до сите граѓани да седат дома за време на пандемијата. Секоја криза претставува прилика да научиме многу за начинот на живот и негување на здравјето. Целта на нашата порака е да се дадат јасни и практични насоки за индивидуална и колективна сигурност преку идеи за активности кои ќе ви помогнат да го исполните вашето време додека седите дома. Јавното здравје е заедничка одговорност, затоа почитувајте ги мерките на Министерството за здравство, чувајте се и седете дома, велат од асоцијацијата.

Студентите по медицина потенцираат дека вирусот не бира возраст и начин да допре до организмот на човекот и затоа е неопходно да се почитуваат мерките за што поскоро справување со пандемијата.

OhridNews