Големиот број клиенти во нашето досегашно постоење, се потврда за нашата врвна професионална услуга и дополнителен поттик за нас.

Во нашето 5 годишно искуство, не отстапивме од патеката, чекориме до сите светските трендови и целиме кон тоа секогаш да бидеме рамо до рамо со најновите и најдобрите трендови за убавина.

За таа цел сме редовни посетители на најпознатите семинари и конгресии за убавина, благодарение на нив, учиме, се надградуваме и ви ги нудиме докажано најефективните иновации од светските центри за убавина.

Она по што Студио “Be Fabulous” стана препознатливо во изминативе години, првенствено е трајната шминка, како и можноста нашите дами на едно место да добијат целосен пакет на шминка и фризура соодветни за нивните свечености.

Трајната шминка помага да се вратат или корегираат контурите на очите и устата и да се добие идеален облик на веѓите според обликот на лицето и очите. Се работи со природни пигменти кои се привремени и постепено почнуваат да избледуваат после една година, а до потполно избледување 3- 5 години.

Со трајната шминка се добива ефект на подмладување и најбитно од се, секогаш сте подготвени и уредни во секоја прилика, многу природно и неприметно.

Со нагласување на контурите на очите, усните и веѓите добивате поизразен изглед, секогаш изгледате уредно. Добивате покрупни очи и повесел и поизразен поглед и визуелно се подигнува паднатиот крај на окото.

Веѓите исто така се важен дел и, исто така, можат да се корегираат. Веѓите можат да се здебелат, да се изедначат, или да се подигнат во сите природни бои почнувајќи од најсветли па се до најтемни, во зависност од вашата желба. Контурите на устата исто така можат да се поместат и да добиете по проширена и по свежа уста.

Трајната шминка е идеално решение за жени кои немаат време секој ден да се шминкаат и постојано да ја корегираат својата шминка.

Професионалното шминкање е декоративен третман за лице при кој професионален шминкер го разубавува Вашето лице низ неколку чекори, користејќи различни декоративни средства и производи прилагодени на типот на вашата кожа, користејќи прибор за шминкање. Професионалната шминка ќе помогне вашето лице да изгледа помладо, попривлечно и посвежо. Важно е, со шминкање кај професионален шминкер, добивате загарантирана постојана шминка која успешно ќе се одржи во текот на целиот ден и ноќ, а воедно ќе изгледате беспрекорно во секој момент.

Кога сме кај корективната шминка, секоја жена и девојка која се грижи за својот изглед ги следи трендовите за шминка.

Препуштете се во рацете на нашиот високостручен персонал и оставете нѐ да ви ги докажеме дека чуда не само што ги остваруваме, можат и да ги надминат вашите соништа за совршенство.

Нашето Студио се наоѓа на улица 7ми Ноември бр. 46/3, Охрид, повелете посетете не!

Студио “Be Fabulous”
OhridNews/PR