Имено, од јавното претпријатие потенцираат дека според Законот за јавна чистота, секое правно или физичко лице кое стопанисува со јавно-прометни површини (паркинг-простори) , треба само да ја одржува јавната чистота на овие простори.
– Во случајов се јавува проблем со одржувањето на јавната чистота на паркинг-просторите кај хотел Ривиера, кај Стара нама и Горна Порта. Наша должност како јавно претпријатие кое ја одржува хигиената на територијата на Општина Охрид е да ја одржува хигиената на јавните површини чија намена е паркирање, само по налог на Комуналната инспекција или пак доколку субјектот кој стопанисува со паркинг просторот не е во можност, велат од Комуналец.
Поради реакциите на граѓаните и лошата состојба во која се наоѓаат паркинзите, вработените во Јавна хигиена денес превзедоја акција за темелно чистење на овие простори.
– Но, во иднина субјектите кои стопанисуваат со паркинг-просторите ќе мора сами да ја одржуваат јавната хигиена, велат од ЈП Комуналец.