Европскиот првак од 1996/07 година Борусија Дортмунд со два голови во финишот на мечот успеа да обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на Шампиони. Преполниот стадион на Дортмунд беше сведок на неверојатен меч, во кој посреќни излегоа домашните фудбалери.


– Ваков натпревар со среќен крај го нема ни во Холивуд. Јас ќе бидам искрен не верував дека тоа ќе се случи. Ова е еден од најлудите фудбалски моменти во мојот живот. Навивачите, фудбалерите, тренерот и сите во клубот овој меч ќе го паметат до крајот на животот – истакна Невен Суботиќ.

Противникот Дортмунд во полуфиналето ќе го добие в петок кога е закажана ждрепката во Лигата на Шампиони.

Мх.П.