Мултимилјардерот од Индија Субрата Рој кој пред неколку месеци беше во посета на земјава, при што поголем дел од времето мина во Охрид, во изјава за индискиот весник “Фајненшл хроникал“ вели дека планира да гради „Лас Вегас“ во Македонија, пренесува агенцијата „Макфакс“.
Индиската компанија “Сахара Индија Паривар“ планира да изгради комплекс од казина, хотели и центри за забава во Македонија. Концпетот на дизајнот за новиот „Лас Вегас“ ќе и биде предложен на македонската влада во септември, а структуриниот дизајн на почетокот на следната година.
„Откако ќе биде одобрен, се надеваме дека ќе почнеме со работа за година ипол“, вели Рој.
Тој не открива колку ќе чини целиот проект и каде ќе го реализира, но при неговата посета не ја криеше воодушевеноста од убавините и туристичките потенцијали на Охрид.
OhridNews