Комисијата за верификација на фактите денеска објави оглас со кој ги известува судиите, правобранителите и обвинителите дека од 25 јануари до 25 февруари треба да достават нотарски заверена писмени изјава, согласно со Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција   

Оваа комисија неодамна соопшти дека вкупно 61 носител на јавна функција во Македонија ја поминаа лустрацијата.

Проверката на изјавите на носителите на јавни функции почна во октомври минатата година и тоа откако е завршено со самолустрацијата на 11-те члена на Комисијата.

Ohridnews