Светската куќа на фудбалот ФИФА задачата да ја води балканската пресметка Хрватска – Србија му ја додели на турскиот арбитар Сунејт Чакир.

Турскиот судија го судеше натпреварот од Лигата на Шампиони, Манчестер Јунајтед – Реал Мадрид. Тој го драстично го оштети англискиот состав откако неоправдано го исклучи Нани на стартот од вториот дел.

Чакир наиде на големи критики од јавноста, иако тој подоцна се огласи дека одлуката беше правилна и оправдано го исклучил португалскиот фудбалер.

Мх.П.