Претседателот на Основниот суд Охрид, Владо Дејаноски, на барање на полномошникот на семејството на убиениот српски турист, во понеделникот донесе решение за изземање на Кривичниот совет кој го водеше судскиот процес за убиството на српскиот турист, поради пропусти во постапката. По изјаснувањето на судиите од Основниот суд во Охрид за изземање од предметот, Апелација одлучи судскиот проcес да почне од ново во Основниот суд во Прилеп.
За смртта на 34-годишниот белграѓанец се обвинети две лица од Охрид, кои се товарат за кривично дело свирепо убиство, додека едно лице, исто така од Охрид, е обвинето за помагање по извршено кривично дело. Истовремено за свирепо убиство се товари уште едно лице државјанин на Република Србија, кој сеуште е недостапен за органите на прогонот.