Од 21 јули до 13 август ќе се одржи осмото издание на „Summer Comedy Marathon 2026“, фестивал што носи 21 стендап шоу на седум различни локации во двата града Охрид и Струга. Фестивалот ќе започне на 21 јули со настап на интернационалниот комичар Амос Гил, по што програмата продолжува до 30 јули. Предвидена е пауза околу Илинденските празници од три дена и продолжуваат повторно од 4-ти до 13-ти август.

Филип Ангеличин Жура, дел од организаторите, на денешната прес конференција во Куба Либре потенцираше дека форматот останува ист како и пред седум години, но посебно радува фактот што фестивалот од година во година расте сè повеќе и повеќе.

Оваа година сме распослани дури на седум сцени. За разлика од претходните години, почнувајќи од Куба Либре, нашите домаќини Џез Ин, каде што се повеќето настани, го враќаме стејџот, односно пловењето со бродот Армада оваа година, по пауза од четири години. ​Традиционално настапуваме во селото Опеница во винаријата „Monastery Winery“. Се селиме во уште еден град, соседна Струга овој пат, во Синема. И секако, тука е и Центарот за култура, односно Народниот театар во Охрид. Значи, вкупно седум, со финалното шоу на стадионот Билјанини Извори во Охрид. ​Околу резервациите на картите, останува истиот телефонски број 075 283 066. И секако, кој сака да купи карти, кој може и онлајн на нашиот сајт hahaha.mk., рече Ангеличин Жура.

Никола Тодороски, дел од организаторите и учесници на маратонот презентираше дел од програмата, како и шоута за отворањето и затворањето на „Summer Comedy Marathon 2026“.

Фестивалот ќе започне со шоуто The Pale, Stale, Straight White Male на Амос Гил, кој по потекло е од Австралија, живее во Соединетите Американски Држави. Истото ќе е на англиски јазик и ќе биде изведено во Центарот за култура во Охрид. На 23-ти е шоуто во Куба Либре „Треба да разговараме“ со популарните на социјалните мрежи „Син на мајка“ и „Еден човек“. На 24 јули е шоуто 2 Mothers Brothers и 2 Cousins во Monastery Winery во Опеница. ​На 25-ти јули во Cinema Food & Bar Струга – „Криза средних година“, повторно Небојша Грујиќ ни гостува на фестивалот. ​Понатаму, на 29-ти во Џез Ин – популарното шоу „На лагата“ каде ни гостуваат Душан Петровски и Бојан Кирковски. Повторно во Cinema Food & Bar Струга на 7-ми август – „Аниматор по кафичима“ со интернационалниот гостин Бранко Крсмановиќ. ​Завршуваме со финалното шоу кое се вика „Опстанок“. Секоја година гледаме да испочитуваме по некој јубилеј, оваа година славиме 15 години од мојата работа како стендап комичар. Ќе гостуваат на шоуто Тино и Атанас и Никола Сиљаноски. Шоуто ќе биде на 13-ти август на стадионот Билјанини Извори, истакна Тодороски.

Додаде дека ​идејата е да се направи како едно големо финале, една убава атмосфера, едно шоу во кое што добар дел од публиката во Охрид и пошироко ќе може да присуствува.

​Јас би го најавил шоуто Open Mic, коешто ќе е на 12-ти август. Би сакал да ги охрабрам сите кои сакаат да се пробаат на сцената да се пријават навреме на линкот кој ќе е поставен на социјалните мрежи. ​И би било добро да се пријават што повеќе луѓе, ќе биде забавно и едноставно така се почнува. ​Би сакал да се пријават што повеќе луѓе, да има и машки и женски и сите се добредојдени, рече Зоран Донев.

Стрезо Стаматоски истакна дека е дел од два проекти во рамки на маратонот, театарската претстава „Импровокација“ кое ќе биде изведено во Центарот за култура во Охрид и шоуто 2 Mothers Brothers.

„Импровокација“ ќе ја изиграме двапати оваа година, така што ќе бидат различни формати и ќе внесеме некои нови игри коишто досега можеби немала можност публиката га ги види. Ги поканувам и сите оние коишто се надвор од Охрид да дојдат и да го погледнат шоуто. ​И другото шоу е 2 Mothers Brothers, познатото, коешто и едното и другото шоу се повеќе од една декада веќе присутни. 2 Mothers Brothers почнавме како комично кабаре заедно со Никола, а веќе од пред неколку години сме засилени со таканаречените 2 Cousins, односно Никола Јосифовски на пијано и Јане Тодороски на бас. Тоа е едно музичко кабаре, комично, вариете, каде што има преработки на песни, нови текстови, оригинални песни, моменти на скеч комедија, моменти на стендап комедија итн., и затоа го нарекуваме и вариете. Истото ќе биде изведено во манастирксата винарија во Опеница

Никола Сиљаноски Братучед посочи на разновидноста на секоја вечер за која вели охридската публика веќе е добро запознаена.

Имаме една вечер посветена на Best of, Sex show, Comedy jam, Црн хумор… Во последните години се направи еден формат, заслужен за тоа е Тодоровски, каде што публиката веќе знае на што доаѓа. ​На пример, ако имаме вечер со црн хумор, секако дека така е најавено, малце темите се попикантни, публиката е веќе спремна што би можела да очекува од нас. Во шоуто Sex show има нежни шеги, повеќе посветено на дамите. ​Во Best of ги работиме најдобрите шеги коишто поминале претходно, или Comedy jam, каде што работиме нов материјал. Карактеристично за тоа е што и публиката, а и самите ние како артисти не знаеме каде може да ескалира, и тоа го прави тоа шоу секако да биде толку и интересно, чувствително, тензично паралелно на истото. ​Така што ги поканувам сите со време карти да си обезбедат,

Целосната програма на „Summer Comedy Marathon 2026“ може да се погледне на веб-страница hahaha.mk.

Н.С.Ј.

фото/видео. А.Момироска