Најдобриот македонски тркач на долги патеки, Дарио Ивановски, една недела по освоеното второто место на белградскиот маратон, забележа нов голем успех триумфирајќи денеска на полумаратонската трка (21к) во Дубровник. Тој триумфираше на оваа трка и минатата година.
Дарио триумфираше со време 1.06.30 ч., што е нов рекорд на полумаратонот во Дубровник.

На „dumotion2026“ учествуваа бројни тркачи од Македонија, меѓу кои беше и спортската експедиција на „Охрид трчаТ“ која на организаторот му врачи признание за исклучителен придонес во развојот на спортот, трчањето и тркачките настани, како и за долгогодишната соработка и поврзаност помеѓу Охрид и Дубровник.
Ова признание доаѓа во посебна година, кога заедно славиме значаен јубилеј, 10 години. Охрид трчаТ и 10 години Du Motion, како симбол на едно децениско пријателство, партнерство и заедничка визија. Честитки за јубилејот и за уште многу успешни приказни заедно! – стои во објавата на „Охрид трчаТ“.
Г.М.













