Супертајфунот Мангкат е со поголема јачина и се приближува до Хонг Конг и кинескиот брег, откако ги опустоши Филипините, каде што загинаа најмалку 28 лица. Мангкат се носи ветрови што дуваат со повеќе од 200 километри на час.

Филипинските власти соопштија дека најмалку 28 лица загинале, вклучувајќи и две мали деца, главно при лизгање на земјиште во планинските области, каде што најмалку 13 лица се водат за исчезнати.

Се очекува Мангкат да пристигне 100 километри јужно од Хонг Конг и да сврти кон запад и брегот на јужната кинеска провинција Гуангдонг и Макао.

Хонг Конг утринава го крена нивото на тревога на највисоко, додека моќни бранови ги заплискувале долните региони, а ветровите ги треселе прозорците на бројни облакодери.

На десетици илјади патници им се поместени плановите за патување бидејќи меѓународниот аеродром во Хонг Конг ги откажал повеќето летови.

OhridNews
foto:CNN