Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 22 степени Целзиусови, информира УХМР.

Периoдот на сончево, суво и релативно топло време за овој период од годината ќе продолжи и наредните денови. Сончево и стабилно ќе биде утре, како и за време на викендот. Минималната температура ќе се движи од 1 до 8, а максималната од 21 до 28 степени.

OhridNews