Универзитетот за Информатички науки  и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и ИЦТ компанијата „ХАСЕЛТ“ потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство.

Целта на овој меморандум  е да се официјализира  соработката помеѓу Универзитетот и „ХАСЕЛТ“ и  да се овозможат услови за споделување на заедничките цели во областа на информатичките науки и технологии.

Соработката со „ХАСЕЛТ“ е иницијатива за приближување на практичниот и теоретски пристап како приоритет на едукативните политики на Универзитетот за информатички науки и технологии. Се надеваме дека овој договор ќе го поттикне унапредувањето на образовните и апликативните активности поврзани со информатичките науки и технологии“ изјави проф. д-р Нинослав Марина Ректор на Универзитетот „Апостол Павле“.

Како што потенцира Хајан Селмани, основач и сопственик на „ХАСЕЛТ“, соработката со УИНТ „Св. Апостол Павле“ отвара одлична можност за реализирање на многу заеднички проекти.

Станува збор за проекти коишто ќе им помогнат на студентите да им се приближи мостот помеѓу знаењата стекнати на факултет и практичната работа во индустрија, а соодветно на нашата компанија и дава прилика да влијае на најдобар можен начин во едукацијата и создавање на високо професионални кадри коишто во иднина ќе заземаат значајно место и сериозно ќе влијаат во ИТ индустријата во Македонија“ вели Хајан Селмани.

„ХАСЕЛТ“ е компанија за развој на иновативни софтверски и ИТ решенија користејќи најнови и најмодерни ИТ технологии. „ХАСЕЛТ“ е стратешки партнер со повеќе успешни странски компани во ИТ индустријата и е главниот изведувач и креатор на нивните софтверски решенија. Компанијата има примарно и главно преставништво за развој на софтвер во Скопје, Македонија и преставништво за развој на бизнис во Њујорк, САД.

OhridNews