Нашиот народ два пати го празнува споменот на Св. Атанасиј Велики. На 31 јануари се празнува празникот Св. Атанасиј или Танасовден зимски, а на 15-ти мај Св Атанасиј Велики или Танасовден летен.
Св. Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Св. Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени Ариевците. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење Св. Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети.
Само една година по Никејскиот собир бил поставен за архиепископ во Александрија и тука на архиепископскиот стол останал 46 години. По поразот на Никејскиот собир ариевците се обиделе да се вратат во црквите и често го клеветеле Св. Атанасиј кај царот поради што тој четири пати бил протеруван во прогонство и во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 15 мај 373 година.
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО предложи Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност Одлуката треба да биде донесена денес на 48-та сесија што се одржува...
Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и ...
Променливо облачно со сончеви периоди Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.