Светата православна Црква на денешен ден го празнува споменот на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж.
Римјанките,трите сестри Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија живееле во времето на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Во тоа време биле вршени големи прогони на христијаните, и тогаш биле приведени и Софија и нејзините три ќерки Љубов, Вера и Надеж.
Заради одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Љубов, Вера и Надеж биле ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им биле отсечени главите. Мајката Софија ги зела и ги закопала телата на своите три ќерки и откако поминала три дена и ноќи во молитви над нивниот гроб, го предала својот дух на Бога.
По повод празникот денеска во 12.30 часот богослужба ќе има и во малата црквичка посветена на великомаченичките во населбата Лагадин.
Свети апостол Тома е еден од дванаесетте славни Исусови апостоли Тома на еврејски јазик значи близнак, но апостолот Тома најчесто е познат како Неверен Тома Роден е во Панеида, мало гратче во Галил...
Православните верници на 18 октомври го одбележуваат споменот на Светата маченичка Харитина, која во христијанското предание се почитува поради непоколебливата вера и посветеноста на Христа Според ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 октомври и се слави споменот на Св свештеномаченик Еротеј Зборот маченик доаѓа од грчкиот мартис, што во превод значи сведок Значи, маке...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.