По повод патрониот празник на ОУ„Григор Прличев“, синоќа во Центарот за културата „Григор Прличев“ се одржа свечена приредба.
Пред присутните се обрати директорот на училиштето, Сашо Ставрески, кој искажа задоволство од постигнатите резултати во тековната учебна година.
– Оваа учебна година нашите наставници и ученици со резултатите што ги постигнаа на локално, регионално и државно ниво, како и успешно реализираните проектни активности докажаа дека заслужено се наоѓаме меѓу најдобрите училишта во Република Македонија, рече Ставрески.
Свеченоста беше збогатена со пригодна програма што ја подготвија учениците.
Одбележан патронатот на ОУ „Григор Прличев“